(ВИДЕО) Ролеркостер излета од шините во забавен парк во Стокхолм, едно лице загина

June 25, 2023
1 min read

Телевизијата СВТ, повикувајќи се на очевидци, објави дека до несреќата дошло кога вагон на ролекостерот делумно излетал од шините за време на возењето

Едно лице загина, а неколку се повредени во несреќа што се случи во неделата во „возот на смртта“ во забавниот парк Грон Лунд во Стокхолм, јави агенцијата ТТ, повикувајќи се на изјава од портпаролот на паркот.

Телевизијата СВТ, повикувајќи се на очевидци, објави дека до несреќата дошло кога вагон на ролекостерот делумно излетал од шините за време на возењето.

Во забавниот парк веднаш биле испратени возила на брза помош, противпожарни возила и хеликоптер, а полицијата соопшти дека ги истражува деталите за несреќата.

Администрацијата на Грон Лунд соопшти дека паркот стар 140 години ќе биде затворен.

Џени Лагерштет, новинарка која случајно се нашла во паркот со членовите на нејзиното семејство во моментот на несреќата, изјавила за СВТ дека слушнала бучава и забележала дека конструкцијата на шината силно се тресела во моментот на несреќата.

„Мојот сопруг виде како вагонот од ролекостерот со луѓе во него паѓа на земја“,

рече Лагерштет.

Ролеркостерот „Џетлајн“ со челична патека достигнува брзина до 90 километри на час и висина од 30 метри, превезувајќи повеќе од еден милион посетители секоја година, се вели на страната на забавниот парк.

Фото: EPA-EFE/Claudio Bresciani/TT SWEDEN OUT

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмногу прекршоци во европските Топ 5 лиги направени врз Винисиус

Следно

Ал Хилал му нуди 40 милиони евра на Алегри

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop