(ВИДЕО) Пукање во Лос Анџелес, најмалку десет лица се убиени на прослава на Лунарната Нова Година

January 22, 2023
1 min read

Десет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија. Како што пренесе Си-Ен-Ен, осомничениот за пукањето е се уште на слобода, а се утврдуваат и мотивите за нападот.

Капетанот Ендру Мејер од Кабинетот на шерифот во Лос Анџелес на 22 јануари соопшти дека ранетите се пренесени во болници и нивната состојба се движи од стабилна до критична.

epa10422139 Police officers stand watch after reports of a shooting taking place in Monterey Park, California, USA, 22 January 2023. According to law enforcement officials the shooting took place during a Lunar New Year celebration in downtown Monterey Park. It is not immediately known how many people were injured during the incident. EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади луѓе ја прославувале Лунарната Нова година.

Монтереј парк е подрачје со околу 60.000 луѓе, со мнозинско азиско население и се наоѓа на околу 16 километри од центарот на Лос Анџелес.

Во саботата почна дводневниот фестивал, кој е еден од најголемите настани за Лунарна нова година (Кинеска нова година) во Јужна Калифорнија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рик Рубин: Труп сум на миксета и немам појма од музика

Следно

Деветмина убиени во пукотница во Лос Анџелес

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop