Рик Рубин: Труп сум на миксета и немам појма од музика

January 22, 2023
1 min read

Дискутирајќи ги неговите способности, во емисијата 60 Minutes, домаќинот Андерсон Купер го прашува Рубин дали знае да свири инструмент. „Едвај“, одговара тој. Следно, прашува дали знае да ракува со аудио миксета, на што овој повторно вели не, и додава:

„Немам никакви технички вештини и не знам ништо за музика.“

На инсистирање на водителот дека сепак нешто знае, Рубин вели дека „знае што му се допаѓа – а што не“, и дека музичарите го плаќаат заради самодовербата што тој ја има во однос на неговиот личен вкус, и способноста да го артикулира тоа што го чувствува. 

Пред интервјуто, Рубин бара од Купер заеднички да медитираат, а потоа Купер го прашува за улогата на медитацијата во неговиот креативен процес.

„Ги отстранува пречките. Пречките знаат да направат проблем во директната врска со креативната сила“, одговара Рубин.

Ако не се штеди себе си, уште помалку ја штери публиката за која вели дека е ирелевантна, дека не знае што сака и дека таа му е на последно место.

„Таа го знае само она што веќе е дојдено, но не и она што ќе дојде“.

На репликата дека музичкиот бизнис се врти околу тоа да се трефне што ќе ѝ се допадне на публиката, Рубин вели дека за него тоа не важи. 

Тој вели дека задачата на продуцентот не е само да ги сними музичарите, туку и да ги насочи во вистински правец. Тоа значи внимателно да слуша, да споделува мислења за материјалот, и да создаде вистински услови за музичарот креативно да процвета. 

Рубин открива повеќе за својата креативна филозофија во новата книга, The Creative Act: A Way of Being

„Без разлика на тоа какви инструменти користите за создавање, вистинскиот инструмент сте токму вие“, вели тој.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Митева: Притисоците кон пратеници од власта имаат контра ефект, резултираат со намалување на рејтингот на СДС

Следно

(ВИДЕО) Пукање во Лос Анџелес, најмалку десет лица се убиени на прослава на Лунарната Нова Година

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop