(ВИДЕО) Пукање на универзитет во Прага, има ранети и мртви, напаѓачот е убиен

December 21, 2023
1 min read

Како што пренесува Танјуг, според информациите на чешкиот портал „Индес“ и според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот. На други слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата

Попладнево се случило пукање на Карловиот универзитет во Прага. Според првичните информации на чешката полиција, има ранети, но и жртви.

Како што пренесува српски Танјуг, чешката полиција денеска соопштила дека на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот „Јан Плах“ во Прага се случило пукање во кое има мртви и десетици ранети, а напаѓачот е убиен.

Фото: Принтскрин

„Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а десетици се повредени“, соопшти чешката полицијата во најновата објава на платформата Икс.

Претходно полицијата соопштила дека според првичните информации има жртви и повредени.

Како што пренесува Танјуг, според информациите на чешкиот портал „Индес“ и според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот. На други слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата.

На платформата Икс има и видеа во кои се гледа како посетителите на плоштадот во Прага бегаат да се засолнат, откако ги слушнале пукотниците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје се одржа симпозиумот „Турскиот јазик и култура од Централна Азија до Балканот“

Следно

Во пукањето во Прага, 15 мртви и над 24 повредени, напаѓачот бил 24-годишен студент

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop