(ВИДЕО) Османи од Виена: Нашиот фокус ќе бидат луѓето, ОБСЕ мора да даде резултати во овие тешки времиња

3 mins read

Украина, рече министерот, ќе биде прв приоритет во нашето претседавање со ОБСЕ, но има и други подрачја во регионот на ОБСЕ кои се кризни и во кои има регионална нестабилност и потенцијал за нови конфликти. Тоа, рече Османи, ќе бара непрекинато внимание, а организацијата треба да им обезбеди поддршка на ваквите региони

Тој посочи дека се потребни заеднички напори на сите 57 земји од ОБСЕ во справувањето со предизвиците и рече дека Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста имајќи предвид дека за нашата земја претставува привилегија да претседава со оваа организација. Но, рече Османи, на овој пат нашите успеси и неуспеси ќе бидат и ваши

Со цитати од Мајка Тереза, на почетокот и на крајот од обраќањето, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата во 2023 година.

„Вчера го нема. Утре уште не е дојдено. Го имаме само денес. Дозволете да почнеме“, е цитатот од скопјанката Мајка Тереза што го пренесе Османи на почетокот најавувајќи дека во фокусот на нашето претседавање со Организацијата ќе бидат луѓето и ОБСЕ мора да испорача во вакви тешки времиња.

„Воената агресија против Украина продолжува да го покажува својот грд лик. Мирот е разрушен. Луѓето продолжуваат да умираат и да страдаат. Нашата меѓусебна доверба е длабоко поткопана. Сепак, уверен сум дека нашите надежи за подобра иднина за нашата организација, земјите што ги претставуваме и луѓето на кои им служиме остануваат високи. Се работи за нив, се работи за луѓето. Ова е нашето мото и силата што нè води за годината што претстои. ОБСЕ пора да испорача во тешки времиња“,

рече шефот на дипломатијата алудирајќи на војната во Украина.

Токму ова зазема голем дел од неговото обраќање во кое како прв приоритет на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ја стави Украина. Агресијата, рече Османи, мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени тој и додаде дека последиците и цената од оваа војна за целиот регион на ОБСЕ се жалосни и неподносливи.

Тој посочи дека постојат и други кризни подрачја во регионот на ОБСЕ, а регионалната нестабилност и потенцијалот за нови конфликти ќе бараат непрекинато внимание. Организацијата, оцени министерот, треба да биде способна да им обезбеди поддршка на ранливите региони и да остане флексибилна во справувањето со предизвиците.

За да се надминат предизвиците заради мирот, стабилноста и благосостојбата на луѓето, Османи нагласи и дека е потребна силна и недвосмислена политичка волја која мора да ја дадат заеднички сите 57 земји во ОБСЕ бидејќи Северна Македонија како ниту која било друга земја што претседава не може сама да го направи тоа.

„Нашиот план во 2023 година е повторно да го заживееме овој дух. И покрај сите тешкотии, нашата Организација го докажа својот потенцијал. Мора да му дадеме дополнителна поддршка на ОБСЕ за да одговори на својата задача. Тоа подразбира брзо усвојување на единствениот буџет на организацијата. Начелата и заложбите не треба да останат само флоскули“,

нагласи Османи.

Како доказ за посветеноста да се одговори на потребите на луѓето, тој најави и дека во нашето претседавање со организацијата планира да се воведе позиција специјален претставник на претседавачот за граѓанското општество.

Како дел од програмата на претседавањето во 2023 година, тој наведе неколку точки, меѓу кои и: обезбедување поддршка за една функционална и флексибилна ОБСЕ; спречување на конфликти и промовирање соработка низ регионот на ОБСЕ; промовирање на човековата безбедност преку обезбедување поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка; овозможување почитување на основните човекови права; и промоцијата на толеранцијата и недискриминацијата.

Со оглед дека сè уште нема договор која ќе биде земјата што ќе претседава со ОБСЕ во 2024 година, шефот на дипломатијата во обраќањето ја покани Финска да биде дел од „тројката“ (претходниот, актуелниот и идниот претседавач).

Во завршниот дел од говорот, пак, порача дека земјава е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста и повторно цитирајќи ја Мајка Тереза порача дека не треба да се плашиме од иднината и да не ја трошиме денешницата.

„Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи предвид дека за нашата земја претставува привилегија да претседава со оваа Организација. На овој пат, нашите успеси и неуспеси ќе бидат и ваши. Тешките времиња во кои живееме бараат мудрост, одговорност за нашите постапки и посветеност на начелата од Хелсиншкиот завршен документ. Тие се нашиот светилник на надежта, но и сигнален оган дека за овие начела не се преговара. Тие ќе бидат нашиот Кодекс на вредности и однесување. Конечно, ќе ја завршам мојата изјава како и што ја почнав, а тоа е со уште еден цитат на Мајка Тереза: ‘Се плашиме од иднината затоа што ја трошиме денешницата’. Да не се плашиме од иднината и да ја трошиме денешницата, туку да работиме за подобра утрешнина, за иднината на нашата Организација, за иднината на луѓето“,

рече Османи.

Интегралното обраќање на министерот пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена можете да го погледнете во видеото во продолжение.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Одобрена е првата вакцина за пчели

Следно

Општина Аеродром започна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот