ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

January 5, 2023
1 min read

Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан денеска започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква.

Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата.

Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска и на Того, канцеларот на Германија, кралот на Белгија, францускиот министер за внатрешни работи, поранешната шпанска кралица Софија.

Заврши двочасовната литургија за починатиот папа, предводена од папата Франциск, во сослужение на бројни кардинали, бискупи и свештеници.

Луѓето почнаа да се собираат на плоштадот пред базиликата уште во текот на ноќта. Меѓу нив имаше и следбеници на Бенедикт Шеснаесетти кои потекнуваат од неговата родна Баварија, облечени во традиционална баварска облека. Некои од нив држеа плакати на кои на германски пишува „Благодарам Бенедикт“.

Погребната церемонија ја следеа илјада новинари од целиот свет.

Светата столица го објави и текстот што го сумира понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти, што во метален цилиндар ќе биде ставен во неговиот ковчег. Во текстот меѓу другото се наведува дека поранешниот папа „одлучно се борел против злосторствата што претставниците на свештенството ги направиле против малолетници и луѓе на кои им била потребна заштита, како и оти постојано ја повикувал црквата на промени, на молитви, на покајание и прочистување“, јави ДПА.

За време на понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти и низ годините откако тој се повлече, имаше бројни обвинувања дека не направил доволно за да ја исчисти црквата од погрешните лица, откако се појавија докази за злоупотреби во осумте години додека тој беше на чело на Римокатоличката црква.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од јавните паркинзи во Скопје бесплатни за божиќните празници

Следно

Мицкоски: Мега инвестиции во Велес од 200 милиони денари, по повеќе децении градот ќе добие современ затворен пазар

Latest from Blog

Димитровски: Битола инвестира во спорт, образование и инфраструктура

Во пресрет на пролетната градежна сезона, во Општина Битола започнаа повеќе инфраструктурни зафати со кои значително ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во градот и населените места. За активностите информираше

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани – неделата 09–13.03 со 91,59 милиони денари промет

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 09.03.2026 – 13.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 402 трансакции со вкупен промет од 91.587.142 денари

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им
Go toTop