Мицкоски: Мега инвестиции во Велес од 200 милиони денари, по повеќе децении градот ќе добие современ затворен пазар

January 5, 2023
1 min read

Долги години потребите на нашите сограѓани беа запоставени, а одлуките беа носени зад затворени врати. Тоа го менуваме, а заедничката иднина ја градиме заедно со народот, со директна комуникација, согласно нивните барања. Ги отворивме вратите на општината и заедно со народот го креиравме новиот буџет, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

– Минатата година успеавме да ги изградиме водоводот во населеното место Сопот. Изградивме два нови паркинзи, изградивме нов полигон за велосипеди, продолжуваме со уште позитивно темпо и во оваа година, рече тој.

Колев додаде дека голем број негови сограѓани предложиле проекти за реконструкција на голем број на улици и по нивно разгледување може да каже дека се обезбедени 1,5 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура, а ќе се вложат и 200 милиони денари во капитални проекти.

– Ви благодариме на сите за идеите и сакам да знаете дека вратите во општината ви се секогаш отворени за било која потреба, заедно да решаваме проблеми. Општина Велес, оваа година ќе отпочне со реализиција на голем број на проекти и капитални решенија. Ќе го изградиме кејот на реката Вардар, ќе направиме целосна реконструкција на уличното осветлување и ќе инвестираме сериозни финансиски средства во подобрување на патната инфраструктура, водовод и канализација. Вложуваме над 200 милиони денари во капитални инвестиции за 2023 година. Се бориме заедно за Велес, секој ден. Ќе направиме уште многу за иднината каква секој од вас ја заслужува. За промените кои ги чувствувате одговорно и посветено. Промените на дело, потенцираше Колев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека не се ветуваа чуда, но се вети многу работа, труд и проекти и тоа се случува.

– Помина тешка година зад нас, но и година во која Општина Велес инвестираше 100 милиони денари за инфраструктурен развој и решавање на нови проблеми. Оваа година се продолжува со зголемен интензитет. Чесно и најважно посветено ќе се инвестираат нови 197 милиони денари за капитални проекти, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Општина Велес ќе добие нов затворен пазар со вкупна вредност од 80 милиони денари и тоа е само еден од проектите.

– Следуваат многу нови содржини и решени проблеми. Покажуваме дека овие мали промени можат да донесат големи чекори напред и заеднички победи. За заедничка иднина, промените на дело, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Следно

Скопските градоначалници со семејни фотографии ги честитаа празниците

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop