(ВИДЕО) Момче од Сирија се снималo со мобилен телефон под урнатините: Не знам дали ќе умрам

February 8, 2023
1 min read

На социјалните мрежи се појави видео од сириско момче кое по земјотресот заврши под урнатините

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 9 500. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

На социјалните мрежи се појави видео од сириско момче кое по земјотресот заврши под урнатините.

„Го снимам ова видео, не знам дали ќе живеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, тоа значи дека преживеав“,

вели тој во видеото.

„Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Само оние што биле под урнатините можат да го разберат ова“,

рече тој на видеото и додаде дека во зградата каде што живеел пред земјотресот имало уште три или четири семејства.

Сириските власти сè уште не соопштуваат дали успеале да го спасат момчето.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првиот дел од помошта собрана од волонтерите најдоцна утре ќе тргне кон Турција

Следно

Ердоган: Цел ни е во 10 области, за година дена да спроведеме масовна изградба на станбени единици

Latest from Blog

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска. Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди. На втората позиција

ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат
Go toTop