(ВИДЕО) Метеорит падна во Бугарија, граѓаните исплашени од силната експлозија и светлина

July 11, 2023
1 min read

Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР на Видин, кои извршиле увид. На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета, соопштиле од полицијата

Силна светлина проследена со силен татнеж била забележана вечерва на територијата на цела северозападна Бугарија.

Како што објави порталот Новини.бг, се претпоставува дека паднал метеорит. Првите кадри од феноменот се од 21:49 часот.

Читателите од Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик ја пријавиле светлината и силната бучава.

„Го видовме од атарот на селото Извор, Видинско. Околу 21 часот и 50 минути стана како ден, видовме долга трага од оган и кој се распадна на помали делови. Гласниот звук се слушна по една минута“,

напишал корисник на Фејсбук.

Други очевидци коментирале дека и во Софија станало светло како ден за секунди.

Нешто по 23 часот од МВР ја потврдиле информацијата.

„Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР на Видин, кои извршиле увид. На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета“,

соопштиле од полицијата.

Според романските власти се работи за метеорит кој експлодирал во воздух.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ќе биде „земја во фокус“ на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм Палиќ

Следно

ТРАГЕДИЈА: Дете падна од 15 кат на облакодер во Тузла

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop