(ВИДЕО) Евакуацијата на патниците од запалениот јапонски авион траела само 90 секунди

January 2, 2024
1 min read

Авионот на крајбрежната стража пренесувал храна во областите погодени од силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија, се судрил со патнички авион на „Џапан ерлајнс“, додека слетувал на пистата на аеродромот „Хенада“

Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот авион „Џапан ерлајнс“ кој се запали при слетувањето биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати целиот авион, соопштила противпожарната служба, а пренесува Н1, повикувајќи се на странските медиуми.

Фото: Принтскрин

Видеото покажува како и со која брзина биле евакуирани патниците на летот „JL516“.

Благодарение на брзата реакција избегната е поголема трагедија на аеродромот во Токио.

На видеото се гледа дека патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки за евакуација од авионот, кои се користат во итни случаи.

Во Ербас А350-900 имало речиси 400 патници и членови на екипажот.

Новинарот и писател Кристијан Мартини, кој случајно се нашол во Токио за време на драматичниот инцидент, опишува како екипажот и капетанот успешно го евакуирале авионот со 367 патници и 12 членови на екипажот без ниту една загуба на животи.

„Имаме чудо од едната страна каде 367 патници успеале да се симнат од полн авион. Значи, ова е авион полн со луѓе и тие можеа да излезат за 90 секунди, како и екипажот и капетанот. За жал, најновите вести за другиот авион, односно авионот на крајбрежната стража има поинаква приказна, каде загинале петте петте луѓе што биле внатре“,

рече тој.

Пет лица, кои се наоѓале во авионот на јапонската крајбрежна стража, загинале во инцидентот на токискиот аеродром „Хенада“, објави агенцијата АФП цитирајќи го јапонскиот министер за транспорт, пренесува Би-би-си.

Авионот на крајбрежната стража пренесувал храна во областите погодени од силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија, се судрил со патнички авион на „Џапан ерлајнс“, додека слетувал на пистата на аеродромот „Хенада“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шамбевски: Секогаш кога ќе видат дека се пред пораз, наеднаш се сеќаваат за помирувањето

Следно

Дрин Ахмети легално купил петарди, кои инаку се забранети за продажба во Македонија

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop