(ВИДЕО) Десетина повредени во конфликтот меѓу полицијата и граѓаните во Звечан, барикади во Лепосавиќ

May 26, 2023
1 min read

Александар Арсенијевиќ од граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека косовската полиција прво ги нападнала жените, а потоа него и дека директно го испрскале со солзавец во очите

Во болницата во Косовска Митровица за РТС е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на косовската полиција и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јавува Н1.

Во овој момент ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична, јави дописникот на РТС.

Заменик-директорката на Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица, Даница Радомировиќ, денеска изјави дека никој од повредените не е задржан во болница.

„На десетина лица им е укажана помош на хируршкото одделение за прием, на ортопедија и на очното одделение со полесни физички повреди од шок-бомби и солзавец, како и видливи повреди на лицето“,

рече Радомировиќ.

Александар Арсенијевиќ од граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека косовската полиција прво ги нападнала жените, а потоа него и дека директно го испрскале со солзавец во очите.

„Бев дезориентиран, ме одвлекоа меѓу два автомобили, почнаа да ме тепаат“,

изјави Арсенијевиќ.

Тој посочува дека во еден момент полицаец рекол на албански да не ги тепаат оние со камери.

Во сите општини нешто пред пладне се слушнале сирени за опасност. Со нив граѓаните биле повикани да се соберат пред општинските згради за да го спречат градоначалникот да влезе во зградата. Присутни се полициски сили со полициски џипови, цивилни возила и редовна полиција. Исто така, пред сите општински згради има возила на Еулекс, а на места е видлив и Кфор, пишува Н1.

Во Звечан дошло до пресметка со полицијата. На социјалните мрежи е објавено видео од демолирано возило на косовската полиција во Звечан.

Коссев јавува дека во Зубин Поток специјалните единици влегле во зградата на Привремената управа на оваа општина.

Истовремено, косовските медиуми со фотографија објавија дека градоначалникот Измир Зеќири во придружба на специјални полициски сили влегол во зградата на Привремената управа.

Граѓани направиле блокада во Лепосавиќ.

Фото: КоССев

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската полиција го фатен осомничениот за нападот на „Туркеви“ во Њујорк

Следно

Османи во улога на претседавач со ОБСЕ повика да се смират тензиите на северот на Косово

Latest from Blog

Никогаш повеќе Кери и Ѕверката- не сака ниту да ја погледне, ја откри причината зошто не зборуваат

Нивната соработка траеше со децении, но денес, според актерот, повеќе нема никаква врска меѓу нив, пренесе Телеграф. Нот неодамна го привлече вниманието на јавноста со несоодветен коментар на Инстаграм, во кој, како

Очилата на Макрон од 659 евра се хит- сите сакаат да ги носат, веќе се распродадени

Зголемената побарувачка за информации за моделот привремено ја собори официјалната веб-страница на францускиот луксузен бренд, додека пристапот до страницата останува отежнат. Иако очилата, со цена од 659 евра, привлекоа внимание како луксузен

Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и

ЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале

Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во следната фаза од Лигата на Европа откако го победија Малме на гости со 0:1 во 7. коло од натпреварувањето. Во еден интензивен натпревар, дисциплиниран речиси
Go toTop