(ВИДЕО) Четворица приведени во судир со полицијата кај кумановско Речица – жителите не дозволуваат угинатите свињи од африканска чума да се закопаат кај селото

January 7, 2024
1 min read

Жители на кумановското село Речица со блокади и протести се противат на одлуката угинатите свињи од африканска чума да се закопаат во близина на нивното село. Жителите денеска ги попречувале службите на Агенцијата за храна и ветеринарство, по што интервенирала и полицијата. Според информации на „360 степени“ од жителите, тие се револтирани затоа што во близина на местото има куќи, а камионите со угинатиот добиток поминувале низ нивните ниви и имоти.

Од МВР за „360 степени“ потврдуваат дека полицијата интервенирала на протестите во селото и дека четири лица биле приведени.

„На 6.1.2024 полициски службеници од СВР Куманово, постапувајќи по барање на АХВ за непречено спроведување на заклучоци од кризниот штаб на Општина Куманово, за итно нештетно отстранување на мрши од свињи угинати од Африканска свинска чума, во село Речица привеле 4 лица, затоа што физички нападнале полициски службеници, од кои двајца се повредени. По целосно документирање на случајот против сторителите ќе следуваат соодветни пријави“,

велат од МВР.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, преку реакција за дел од медиумите, велат дека тие немаат сознанија зошто се бунат жителите на кумановското село Речица, бидејќи инспекциските служби на АХВ воопшто немаат активности таму, туку на локација во селото Режановце, која ја одредила општината.

„Закопувањето на угинатите животни од афиканска чума кај свињите и депопулираните свињи од фармата во село Тромеѓа, каде неодамна од оваа болест од 660 животни угинаа 60 свињи, се врши на локација во село Режановце која за оваа намена е одредена од страна на локалната самоуправа“,

наведуваат од АХВ.

Проблемот во селото Речица настана откако пред неколку дена на фарма во селото Тромеѓа е откриена свинска чума. 

Денеска во Општина Куманово заседаваше и општинскиот кризен штаб при беа донесени неколку мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите. Во таа насока, како што информираат од општината, било препорачано Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени крадци: Краделе во Кисела Вода, најдени во Чаир, при приведување ги нападнале полицајците

Следно

Честитка од Џафери за Божиќ: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop