(ВИДЕО) Арсовска го обвини Мицкоски за Комунална хигиена – таквите политичари се најголемото ѓубре

July 9, 2023
1 min read

Градоначалничката на Скопје, по вечерашната седница на Кризниот штаб свикана поради ситуацијата во ЈП „Комунална хигиена“, изјави дека проблемите во претпријатието со политички инструирани од, како што ги нарече, мафијашки и бандитски структури. Зад целата ситуација, според неа, стои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кого го стави во редот „политичари кои се најголемото ѓубре“.  

Арсовска за Мицкоски – „Тааквите политичари се најголемото ѓубре кое го видел овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив“

„Мафијашки структури неколку дена ја блокираат работата на Комунална хигиена и тоа поради лични интереси. Станува збор за луѓе кои повеќе од 15 години работеле само трета смена што е спротивно на законот. Тие воопшто не се појавувале на работните места и не ги извршувале работните обврски. Сега дел од нив ја блокираа работата на претпријатието и ги блокираа другите 1 300 да ги извршуваат своите обврски… Вчера, ниту инстуциите не успеаја да ја прекинат оваа незаконска блокада на претпријатието, што е уште еден сигнал дека правната држава не функционира. Од овие причини ставен е во функција кризниот штаб на скопските јавни претпријатија кој треба да ја одржува хигиената и истите се излезени на терен и чистат. Комунална хигиена е ставена во нормала и се надеваме дека од утре ќе работи со целосен капацитет. Град Скопје нема да дозволи партиските интереси на мафијашите и бандидите да бидат пред интересите на граѓаните. Заврши времето кога овие градски претпријатија беа третирани како нечија лична сопственост. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва зашто сака за ефтини поени сака да креира проблеми кај граѓаните, а потоа да се претставува дека ги решава тие проблеми. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое го видел овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив“,

изјави Данела Арсовска по вечерашниот состанок на Кризниот штаб на Градот.

Претходно, полицијата успеа да ја деблокира зградата на Комунална хигиена и неколку камиони излегоа од дворот и се упатија кон Скопје за да ги празнат преполните контејнери.

Протестот пред Комунална хигиена

Ситуацијата пред претпријатието беше тензична. Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева Николиќ, се појави пред вработените кои неколку дена штрајкуваат и меѓу другото бараат нејзина смена. „Оставка, оставка“, се слуша како скандираат вработените.

Директорката на тоа одговорила: „Вие вечер ќе работите“?

Штрајкот на вработените почна пред два дена. Како главна причина тие го наведуваат отпуштањето на дел од работниците во претпријатието. Другите барања се зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж.

Поради штрајкот контејнерите во Скопје со денови се преполни. Затоа, дел од градоначалниците на скопските општини најавија дека самите ќе го расчистат сметот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Украина сè уште не е подготвена за влез во НАТО

Следно

Мауро Икарди останува во Галатасарај

Latest from Blog

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Go toTop