(ВИДЕО) Ахмети со песна и добро расположение ѝ одговори на „огнената група“

January 8, 2023
1 min read

Тестот на песната е на дијалект и е тежок за превод, но упатени велат дека пораката не треба да се бара во стиховите туку во доброто расположение на Ахмети

Со песната, како што објави и Алмакос, Ахнети наводно ѝ одговара на т.н. „огнена група“ од партијата чии членови вчера од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“

На социјалните мрежи и во медиумите денеска кружи видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најверојатно, во својата канцеларија, опуштено, со цигара в рака, пее песна на албански јазик.

Тестот на песната е на дијалект и е тежок за превод, но упатени велат дека пораката не треба да се бара во стиховите туку во доброто расположение на Ахмети.

Со песната, како што објави и Алмакос, Ахмети наводно ѝ одговара на т.н. „огнена група“ од партијата чии членови вчера му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

„Огнената група“ вчера во Студеничани ја одржа првата од низата средби што ги најавија со граѓани и членови на партијата.

Од собирот повторија дека се непоколебливи во поддршката кон нивниот лидер Али Ахмети, но и му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕВЕ КОИ АЛБАНСКИ ПАРТИИ ЌЕ ОДАТ НА СРЕДБАТА СО РАМА ВО ТИРАНА!

Следно

ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop