Весникот „Илинден“ слави 15 години – симбол на македонскиот идентитет во Албанија

March 1, 2026
1 min read

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник “Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник “Илинден“ е весник на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Македонскиот весник “Илинден“ има објавено вкупно 71 број, докажувајќи континуитет и посветеност во информирањето на своите читатели и предизвикувајќи голем интерес кај читателите во Албанија, во татковината Македонија, како и во Македонската дијаспора во светот.

Според бројните писма што стигнуваат до редакцијата, како и комуникацијата преку профилите на весникот на социјалните мрежи со читателите, забележуваме дека во петнаесетгодишниот период весникот прераснал во сериозен весник, чии вести и теми сè повеќе стигнуваат до читателите.

Македонскиот весник “Илинден“ од март 2017 година, покрај печатената верзија, весникот може да се следи и преку веб-страницата www.vesnik-ilinden.com, на овој начин нашиот весник стана достапен за пошироката јавност.

Од септември 2017 година, македонскиот весник “Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски списанија со број ISSN 2522-6282 (онлајн) и ISSN 2522-4514 (печатено).

Oд август 2022 година, македонскиот весник “Илинден“ е член на платформата на Алијансата за етички медиуми (AEM), каде што членуваат 30 печатени и аудиовизуелни медиуми во Албанија.

Македонскиот весник “Илинден“ е дел од најголемите информативни платформи во Македонија time.mk, grid.mk и vesti.mk

За сите заинтересирани, сите изданија на македонскиот весник “Илинден“ се достапни и во Националната библиотека во Тирана, Библиотеката на Собранието на Албанија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, Библиотеката на Академијата на науките и уметностите на Македонија, Библиотеката „Григор Перличев“ – Охрид и Државниот архив на Македонија.

Мисијата на нашиот весник останува да го поттикнува и промовира македонскиот јазик и македонскиот идентитет во Албанија. Остануваме уверени дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Албанија и Македонија, како и од Македонците од целиот свет.

Редакцијата на македонскиот весник “Илинден“ изразува благодарност до сите свои соработници.

Македонскиот весник “Илинден“ дава голем придонес во промоцијата на македонскиот јазик и во покренувањето прашања од интерес за Македонците во Албанија, и постојано работи на заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија.

Воедно, редакцијата изразува благодарност до лојалните читатели за покажаниот интерес за содржините што ги нуди весникот.

Да нѝ се множат јубилеите и понатаму.

Со почит,

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Павловиќ и Леао за гостинска победа на Милан (ВИДЕО)

Следно

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е Ајатолахот, а ти неговиот прв проповедник?

Latest from Blog

МЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!

Фото: Интер Мајами Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени

ВЛЕН: Таравари да одговори каде исчезнаа милионите за водоснабдувањето во Гостивар

 ВЛЕН упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. Од ВЛЕН посочуваат дека Таравари

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите
Go toTop