ВЕСНА МИТЕВСКА Е ПРВАТА ДИРЕКТОРКА НА „ТАНЕЦ“ ЗА 75 ГОДИНИ

July 19, 2024
1 min read

Весна Митевска е нова в. д. директорка на Националната установа (НУ) Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, и е првата жена на оваа функција во 75-годишната историја на прочуениот ансамбл. Од „Танец“ соопштија дека Митевска е назначена денеска од министерот за култура Зоран Љутков, по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој беше на функцијата од 2018.

Митевска (38) е вработена во „Танец“ од 2006, досега беше на позицијата истакнат играч од прв ред-солист со бројни настапи низ земјава и светот. Таа е матурантка на првата генерација образовани фолклорни играчи/пејачи во 2001 во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј‟, каде во 2001 за прв пат во балетскиот оддел е отворена Насоката за традиционална музика и игра. По студиите на Одделот за Етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 Митевска се запишува на Факултетот за музичка уметност, на специјализираните студии по етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде добива звање дипломиран етнокореолог.

Во моментов е на магистерски студии на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ на УКИМ, на модулот Етнологија и антропологија на културното наследство. Работи и на својата прва книга, монографијата за фолклорната група од селото Петровец, местото каде што долги години и живее.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сега и десницата сака да канселира

Следно

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:
Go toTop