Весиќ: Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга

October 30, 2024
1 min read

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се наоѓа на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред да се пушти во сообраќај новата делница од Нови Сад до Суботица, Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра, изјави Весиќ за ТВ Пинк.

Тој кажа дека се очекува до крајот на 2025 година унгарските партнери да го завршат својот дел од пругата, од српската граница до Будимпешта, долга 166 километри со што брзата железничка врска од Белград до Будимпешта ќе трае два часа и 45 минути.

Во согласност со договорот за изградба на брзата пруга Белград – Ниш, долга 230 километри, Владата на Србија донесе уредба за план за посебна намена, со кој практично се овозможува работите да започнат следната 2025 година.

Весиќ посочи дека за време на работите нема да има затворање на сообраќајот, бидејќи Србија не смее да го загуби товарниот сообраќај и кажа дека до февруари ќе заврши реконструкцијата на пругата Ниш – Брестовац, долга 23 километри.

-Тогаш ни преостанува уште 135 километри пруга од Брестовац до Прешево. Се договоривме со Владата на Северна Македонија заеднички да побараме финансирање и да работиме на нашите 135 километри и нивните 50 километри до Скопје. Грците веќе проектираат пруга од Солун до Идомени, на грчко-македонската граница и ја обновуваат пругата Солун-Атина. Останува да се реши поврзувањето од Скопје до Идомени, а кога ќе се заврши ќе имаме над 1.638 километри пруга од Будимпешта до Патра. Тоа ќе биде столбот на транспортот на Западен Балкан, објасни министерот Весиќ.

Тој додаде дека Србија е заинтересирана за изградба на дел од пругата од Ниш до бугарската граница. Тој рече дека пругата од Истанбул до бугарската граница се гради во Турција со поддршка на ЕУ и дека веќе е изградена пругата од границата до Софија и дека делот од Софија до Драгоман, на границата со Србија, останува да се уреди.

-Ако го прашате претседателот Вучиќ како и мене како надлежен министер – железницата е приоритет. Ако ја прашате Европската комисија, ќе го добиете истиот одговор, бидејќи ЕУ одлучи да го удвои бројот на обновени колосеци до 2030 година. Донесена е и нова регулатива за трансевропски коридори со која за првпат се изедначија земјите членки и оние кои се уште не се, во однос на пристапот до средства. А ЕУ издвојува 500 милијарди евра за европските коридори, од кои дури 80 отсто ќе одат за железницата, рече Весиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат се групите на завршниот ВТА турнир во Ријад

Следно

Јанев: Корупцијата е како малигно ткиво, не смееме да влеземе во вртлог на неоткривање и неказнивост

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop