Вештачката интелигенција КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СОЗДАВА МРЗЕЛИВОСТ И ЈА ПОДРИВА НИВНАТА ЛИЧНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

January 19, 2026
1 min read

Се повеќе докази покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобри перформансите на учениците во решавањето специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот напредок во процесот на учење- објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Префрлањето на задачи што му служат на когнитивниот процес на вештачка интелигенција за општа намена носи ризик од интелектуална мрзеливост за време на учењето, како и отсуство на ангажман, што на долг рок може да го загрози стекнувањето знаење и вештини.

Неколку студии покажаа дека кај учениците кои користат ВИ, иако покажуваат подобри резултати од своите врсници, оваа предност исчезнува со текот на времето, понекогаш дури и регресира, особено кога им е одземена можноста да користат вештачка интелигенција на испити – соопшти ОЕЦД.

Спротивно на тоа, вештачката интелигенција што е создадена или се користи конкретно за образовни цели, обично покажува одржлив напредок во учењето кај учениците.

Целта на учењето и наставниот материјал првенствено треба да биде развојот на човечки вештини, како што се независно размислување и способноста за препознавање врски меѓу предметите.

Ова треба да се постигне без генеративна вештачка интелигенција, потоа со помош на образовна генеративна вештачка интелигенција, а дури потоа со вештачка интелигенција за општа намена.

Генеративната вештачка интелигенција, според ОЕЦД, треба да се користи селективно и намерно за педагошки цели, со цел да се збогати процесот на учење, а не да се замени нивниот когнитивен напор во најважниот дел од образованието на младите луѓе или да се ослабнат човечките врски.

Во анкета, 37 проценти од наставниците во средните училишта рекле дека користат вештачка интелигенција на работа. Исто така, 57 проценти се согласиле дека вештачката интелигенција им помага да градат или подобрат наставни програми.

Сепак, 72 проценти од наставниците во средните училишта сметале дека вештачката интелигенција може да му наштети на академскиот интегритет – ученици кога предаваат задачи решени од ВИ наместо од нив.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брајтон со фантастичен гол во последните секунди спаси бод против Бормут

Следно

„ЉУБИ МЕ И ГЛАВАТА ГОРЕ“: Почина пејачката Сенка Велетанлиќ, сопруга и најголема љубов на Зафир Хаџиманов

Latest from Blog

Божиновска во Виена: Фокус на зелена транзиција и енергетска безбедност

Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер. Фокусот на разговорите

Иран: Вооружените сили се подготвени да ја бранат иранската нација од секоја закана и зло

Според официјалната новинска агенција на Исламската Република Иран, изјавите на Багаи дојдоа како одговор на барањето на Пакистан за продолжување на прекинот на огнот, објавува „Гардијан“. „Иран, внимателно следејќи ги случувањата на

Сали: се формира координативно тело за следење на правичната застапеност

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, уверува дека правичната и соодветна застапеност ќе се почитува, нагласувајќи дека Владата е гарант за спроведување на законот. Тој истакна дека законот предвидува донесување подзаконски акти,
Go toTop