Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина кај лекарите

February 26, 2024
1 min read

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија.

Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.

– Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.

– Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа не знам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата палестинска Влада можно е да биде формирана до крајот на неделата, нов премиер веројатно ќе биде Мохамед Мустафа

Следно

Ванковска: Меѓу мене и Силјановска-Давкова нема да има валкани работи, не знам што ќе прават партиските машинерии

Latest from Blog

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,

Младинците со пораз ги завршија квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи
Go toTop