ВЕРУВАМ ДЕКА ГОРЕ ИГРАТЕ БРИЏ СО ДАДИ И МИЧО ЕГЕЕЦОТ, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

March 28, 2023
2 mins read

Мешко беше мајстор актер, во разни ситуации и претстави, неверојатен тип за импровизации, рече режисерот Коле Ангеловски на денешната комеморација во Драмски театар во Скопје за глумецот Димче Мешковски, кој почина на 20 март во Лос Анџелес, САД.

„Јас имав среќа и задоволство да се вработам во Драмски во 1967 и на работа ме примија Мешко и Дади (н. з. Владимир Ангеловски), кои беа во комисија. Иако помлади од мене, веќе беа вработени во Драмскиот театар и ете можеби поради братовска врска бев примен“, рече Ангеловски.

Режисерот кажа дека со Мешко 40 години секојдневно се дружеле на проби, на претстави, кабаре, снимања, и дека со него поминал повеќе време отколку со сопствената фамилија.  Работеле и претстави и филмови и телевизиски серии.

„Со него имаше толку импровизации и толку непредвидени ситуцаии. Во ‘Болва в уво’ јас имав една реплика, но, толку импровизиравме што никогаш не се знаеше колку ќе трае претставата и како ќе заврши. Во претставата ‘Солунски патрдии’, секогаш седев позади сцената и само гледав и следев што ли сега ќе смислат Мешко и Дади, што ќе кажат. Беше задоволство да се слуша. За Мешко се сеќавам само на убави работи, на прекрасна дружба. Се надевам дека горе играат бриџ со брат ми Дади, Мичо Егегеецот и Мац“, рече Ангеловски.

За животот и растењето низ Драмски со нивниот татко, преку писмено обраќање најубави спомени споделија неговите ќерки, Јасна и Наташа, кои велат дека растеле во духот на космополитизмот, дека тој бил нивен грб, столб, и „дека ни дозволуваше секоја да летаме по својот пат“.

„Неговите лекции беа да сме чесни, секогаш со добри намери во срцата, искрени и храбро да се соочуваме со сите предизвици што ги носи животот“, напишаа неговите ќерки, Јасна, која е актерка во САД, и Наташа, поранешната македонска пливачка шампионка, а сега тренерка.

Последен аплауз за Мешковски, кој почина на 20 март во Лос Анџелес во САД на 77 години. (Фото: К. Попов)

Актерот Драган Спасов-Дац говореше дека нивниот однос бил како татко и син.

„Мешко, глумците не умираат, немаат години, глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумицте остануваат нивните претстави, филмови, анегдоти“, рече Спасов-Дац.

В. д. директорката Маја Вељковиќ-Пановска рече дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар.

„Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе. Всушност, Мешко беше испреплетен со Драмски“, рече Вељковиќ-Пановска.

Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус се извдојуваат ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „ДивоМесо“.

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“,„Маратонците го трчаат почесниот круг“.

За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Мешковски ја доби Наградата за актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на Наградата за животно дело што ја доделува театарскиот фестивал.

Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на натхсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти: Нема автономија за Србите, туку де факто признавање меѓу Косово и Србија

Следно

Јубилејно 5. издание на „Златна рамка“ од 20 до 23 април: ДФРМ планира да организира и спроведе различни настани за промоција на македонската кинематографија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop