Верификувани мандататите на новите пратеници, дополнувањето на Законот за енергетика дадено на натамошна постапка

June 25, 2024
1 min read

Собранието денеска го даде на натамошна постапка предлогот за измени на Законот за енергетика, чија целе е намалување на цената на струјата од 1 јули. За законот ќе расправа матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе заседава во 17: 30 часот, а потоа и Законодавно правната комисија. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска рече дека продолжението на осмата собраниска седница на која треба да биде донесен законот ќе биде дополнително закажано.  

Предлагачи на предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка се Бојан Стојаноски, Изет Меџити, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Мимоза Муса, Силвана Ангелевска, Тони Јаревски. Стојаноски пред пратениците објасни зашто го поднеле овој предлог и кои се бенефициите за граѓаните од него. Тој, меѓу другото, нагласи дека лично смета оти пратениците веднаш треба да ги донесат измените на овој закон. Според него, со тоа ќе се заштитат граѓаните и ќе нема ценовни шокови за нив. Стојаноски повика да се направи денеска, како што рече, „добра работа за македонското општество“.

Со законот предвидено е во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Како што беше појаснето, со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 отсто.

На собраниската седница беа верификувани и мандатите на Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева, како и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и Фериде Хаџиу и Каљтрина Беќири од коалицијата Вреди. 

Новите пратеници доаѓаат на местата на Мицкоски и на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и на Фатмир Лимани. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детето Буда осуден поради сексуална злоупотреба на деца

Следно

Ѓоковиќ: Не дојдов на Вимблдон само за да одиграм неколку кола

Latest from Blog

Николоски од Брисел: Големи инфраструктурни инвестиции за модернизација на Коридорите 8 и 10

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и

Битола дел од новата иницијатива за индустриско поврзување со ЕУ

Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија. Церемонијата, која

Во првиот меч по ерата на Лео Меси, Аргентина победи убедливо со 4:0 (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина убедливо со 4:0 славеше над Боливија во пријателски меч одигран во Кордоба. Овој натпревар има посебно значење, затоа што е прв за Аргентина откако легендарниот Лионел Меси рече дека
Go toTop