Вечер што долго ќе се памети на „Охридско лето“ со светскиот виртуоз на уд Џозеф Тавадрос

August 16, 2023
1 min read

Прекрасна вечер на „Охридско лето“ приреди големиот египетско-австралиски виртуоз на инструментот уд и композитор Џозеф Тавадрос кој донесе возбудлива програма со оригинална музика чиј автор е самиот тој.

Роден во Каиро, а израснат во Австралија, Тавадрос е една од најимпресивните и најхаризматичните фигури на австралиската музика. Со виртуозната техника и авантуристичката љубопитност беспрекорно ги обединува Блискиот Исток, класиката и џезот поради што критичарите го сметаат за вистински оригинален современ изведувач и иновативен композитор. Џозеф ги урива конвенционалните жанровски граници, покажувајќи дека удот е сестран инструмент кој има сила и чувствителност сам по себе и во ансамбли.

Неговата инструментална определба е инструментот уд, еден вид арапска лаута, претходник на лаутата и модерната гитара.

-Удот е стар инструмент, тој е предок на лаутата и се надевам дека публиката на фестивалот „Охридско лето“ уживаше во концертот. Удот го донеле во Европа во 9 век и е многу значаен инструмент бидејќи од него се развила и гитарата. Многу познат инструмент е и на Блискиот Исток, вели Тавадрос.

На „Охридско лето“, Тавадрос изведе негови композиции со што уште еднаш покажа дека е повеќестран уметник кој ја усвојува светската музичка сцена. Неговата најголема инспирација е родната земја.

-Иако сум пораснат во Австралија, најмногу ме инспирира моето културно наследство од Египет. Местото каде се родив е многу значајно за мене, а исто така и египетската култура и музика. И членовите на моето семејство се љубители на музиката и културата, па така, ја всадиле таа љубов во мене уште како мало дете, додава уметникот Џозеф Тавадрос.

Виртуоз во вистинска смисла на зборот, не само според неговите технички можности туку и со неговата разновидност и чувствителност, Тавадрос настапува во концертните сали ширум светот поместувајќи ги границите на музичката изведба, и делејќи ја сцената со бројни изведувачи во интерпретација на иновативна, оригинална музика. Настапува како солист или во дуо со неговиот брат Џејмс на египетски перкусии, како и со неговиот џез квартет или како солист со камерни и симфониски оркестри. Досега ги има изведувано сопствените композиции со Австралискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си,  Симфонискиот оркестар на Аделаида, Националниот оркестар на Украина, Камерата Салцбург, а неговиот Концерт за уд и симфониски оркестар кој го изведе со Симфонискиот оркестар од  Сиднеј е поместен на  издание на АБЦ класикс во 2019 година. Досега тој е првиот и единствен австралиски музичар чије дело е изведено од страна на Академијата за стара музика во Велка Британија.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициски службеник од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син 

Следно

Украина ги смени сите началници за регрутирање

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop