Важни совети од д-р Чибишев пред новогодишната ноќ

December 31, 2024
1 min read

Директорот на клиниката за Токсикологија, Андон Чибишев секоја година, во овој период испраќа искрени совети и препораки до граѓаните да внимаваат со алкохолот, храната… Посебно е загрижувачко што малолетници секоја нова година завршуваат на Токсикологија поради тоа што го консумирале.

Во неодамнешнотот интервју за КУРИР тој испраќа апел од него и сега –  до децата, нивните родители, останатите граѓани – не зборуваме за наивни последици од пијанство, говориме за животозагрозувачки состојби.

-Покрај алкохолот се злоупотребуваат и лекови, медикаменти и опојни дроги. Што е уште потрагично и поопасно, се злоупотребуваат заедно со алкохол. Што е кај некои случаи фатална комбинација која може многу сериозно да го наруши здравјето. Посебно ако алкохолот се конзумира со седативи односно со лекови кои се прилично злоупотребувани во Македонија, тоа се Диезепам, Лексилиум, Хелекс. Има такви што употребуваат алкохол со опојни дроги, со опијати, што е страшно опасна комбинација. Не сакам да кажам смртоносна, меѓутоа е животозагрозувачка. Јас сум среќен што нас не ни се случило, но во литературата има опишано многу смртни случаи при употреба на такви комбинации односно злоупотреба на алкохол заедно со опојни дроги или одредени медикаменти, рече Чибишев во интервјуто кое КУРИР го објави минатата недела.

Докторот советува дека треба да се внимава и со исхраната.

-Сите сакаме да јадеме многу. Македонската традиција вели за празници полна трпеза, многу јадење, многу пиење алкохол. Храната наша изобилува со животински маснотии, кои што можат сериозни проблеми да ни направат ако сето тоа го комбинираме и со алкохол. Ние најмногу се плашиме од состојби како што се акутно воспаление на панкреасот (акутен панкреатитис) кој што се јавува во сите возрасти. Кај состојби каде што има внесување на голема количина на храна која содржи животински маснотии и алкохол во комбинација. Во одреден момент може да настане пореметување на целиот процес на дигестија, враќање на сите ензими или сокови кои ги излачува панкреасот, а учествуваат во дигестијата на храната и панкреасот да почне самиот себе да се разградува. Опасни животозагрозувачки состојби. Тоа најмногу нè плаши. Затоа граѓаните да внимаваат со внесување на храна, посебно маснотии и да внимаваат со внесување на алкохол. Јас не можам да им кажам да не се напијат ништо, а уште помалку како клинички токсиколог можам да им кажам „Слободно напијте се“. Меѓутоа, една чаша убаво македонски вино мислам дека ќе ни го подобри расположението и убаво ќе се чувствуваме. Меѓутоа да внимаваме во однос на внесување алкохол и препорака никогаш алкохолот да не се пие без нешто да се јаде. Ние викаме „На гладно срце да не се пие“ и да не се пие без мезе, посочи Чибишев.

Целото интервју на Чибишев за КУРИР можете да го погледнете во продолжение:

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје во 2024

Следно

Спахиу нов фудбалер на Вардар

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop