Васко Ковачевски се бара со меѓународна потерница

December 30, 2024
1 min read

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР.„

„Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ“, се наведува во потерницата.

ОЈО ГОКК денеска донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бункер“: Се испитуваат и „кртовите“

Следно

Расчистен случајот со оружјето пронајдено во Арачиново, лицето вчера уапсено на Блаце и спроведено во притвор

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop