Вардар одигра нерешено против Гостивар

February 17, 2024
1 min read

Екипите на Гостивар и Вардар одиграа нерешено 1:1 (0:0) во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Вардар поведе со голот на Мишковски во 85-та минута и токму кога се чинеше дека постигна гол вреден победа, Слишковиќ погоди за 1:1 во првата минута од судиското продолжение.

Вардар има 18 бода и во моментов се искачи едно место погоре на табелата, додека гостиварчани остануваат на петтата позиција со вкупно 25 бода.

Во следното коло Гостивар ќе гостува кај тетовска Шкендија, додека „црвено-црните“ на домашен терен ќе ја пречекаат Брегалница.

Останатите пет натпревари од 19. коло од шампионатот се закажани за утре со почеток во 14:00 часот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просветните работници останаа без колективен договор – СОНК обвинува за опструкции

Следно

Весна Џогани има 45 години и тело како ремек-дело (ФОТО)

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop