Ван Нистелрој: Ќе му помагам на Манчестер jунајтед се додека е потребно

October 31, 2024
1 min read

Вршителот на должноста тренер на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој проговори за својата иднина по синоќешната победа над Лестер (5:2) во осминафиналето од англискиот Лига куп.

– Тука сум да му помогнам на Манчестер јунајтед и да дадам се од себе за клубот во секакви капацитети што можам. Ќе помогнам колку што е потребно. Во иднина, подготвен сум да бидам тука во секое својство за да му помогнам на клубот да продолжи да ја гради иднината. Овој мој став никогаш нема да се промени, изјави Ван Нистелрој за „Би-би-си“.

Во понеделник (28 октомври) Јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг. Тој го водеше Манчестер од летото 2022 година. На 29 октомври се дозна дека нов тренер ќе биде 39-годишниот Португалец од Спортинг, Рубен Аморим.

Нистелрој (48) беше дел од стручниот штаб на Тен Хаг од летото 2024 година, пред тоа работеше за ПСВ. Како играч, Холанѓанецот играше за „црвените ѓаволи“ од 2001 до 2006 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца загинати, деветмина повредени во експлозија на гас во Русија

Следно

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек
Go toTop