Утре Ден на жалост во Чешка поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага

December 22, 2023
1 min read

Вчера на плоштадот „Јан Плач“ во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени

Чешката владата донесе одлука 23 декември (сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, соопшти премиерот на Чешка Петр Фијала.

„Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката“,

рече Фијала синоќа, пренесуваат чешките медиуми. 

Во масовното пукање на универзитетот во Прага загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, Фото: МИА

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја. 

Вчера на плоштадот „Јан Плач“ во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

Полицијата работи на откривање дали напаѓачот од Карловиот универзитет е одговорен и за двете жртви кои минатата недела биле најдени во шума во близина на Прага.

Како што информираше чешката полиција напаѓачот е 24-годишниот ученик Давид Козак од Кладенско, кој досега немал криминално досие. Тој денот го почнал со убиство на својот татко во селото Хостоун, 20 километри западно од Прага, а потоа отишол во центарот на градот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облажно, ќе има и дожд

Следно

Арсовска со реакција по повод иницијативата за смена на градоначалници

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop