Усвоена Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024-2044 година, ова се нејзините цели

October 29, 2024
1 min read

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се усвои Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година.

-Стратегијата е заеднички документ точка на поврзување на сите одлучувачки фактори кои сакаат да се вградат во создавањето на иднината важна за сите граѓани во нашата земја, информираат од Владата и додаваат:

„Оваа стратегија е изградена низ партнерски однос и поддршката на УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кој го поддржуваат овој процес.

Целите на оваа развојна стратегија се:

Економски развој и подобрување на стандардот. Воспоставување на мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди. Силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

Реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.

Држава без корупција, држава со систем кој функционира, држава со изграден мерит систем со механизми и цели кои мораме да ги искреираме и воспоставиме и се дел од оваа стратегија.

Квалитетното образование кое ќе биде клучот на напредокот.

Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што земјава природно припаѓа таму туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за подобар стандард и за подобар живот.

Ние како Влада посветуваме внимание на човечкото знаење и даваме шанса за младите и така ќе продолжиме.

Ние како Влада мора да го мобилизираме секој аспект од човечкото знаење и потенцијал и да го градиме нашето општество врз основа на заедништво, солидарност и визионерство.

Националната стратегија за развој е одлична и солидна основа за развој на државата и преставува стратешки документ за идните чекори на оваа и секоја идна Влада“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил малтретиран од соученици на екскурзија во Охрид

Следно

Агенциите на ОН го критикуваат Израел за усвојување на Законот за забрана на работењето на УНРВА

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop