Уставниот суд утре прославува 60 години од постоењето со Mеѓународна конференција со 130 домашни и странски гости

March 14, 2024
1 min read

По повод 60 години од основањето, Уставниот суд на Република Северна Македонија, ќе биде домаќин на Меѓународна конференција која ќе се одржи на 15.03.2024 во Собранието.

Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“

Настанот се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и му претходеше склучување на Меморандум за разбирање. Оваа конференција претставува можност и форум за презентација и дискусија на искуствата, методите и доктрините на темата на Конференцијата да се обратат претставници на уставните судови и меѓународните институции. Претставници на медиумите, невладиниот сектор исто така ќе бидат дел од овој настан, за да го споделат своето искуство и согледувања на темата.

Во рамки на Конференцијата ќе се обратат 18 говорници, меѓу нив, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, судијата во ЕСЧП, Јован Илиевски, Рената Дескоска-член на Венецијанска комисија, амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, 14 претседатели, судии и експерти од европскиот регион. На конференцијата свое воведно обраќање ќе дадат: претседателот на Републиката, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Јован Митрески, претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога,  амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер и заменик шеф на ЕУ Бен Нупнау, Мирјана Лазаревска Трајковска, врховен судија и поранешен судија во ЕСЧП и други…

Модератори на конференцијата се Христина Беловска, портпарол-советник на Уставниот суд за односи со јавноста и Маргарита Цаца-Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права избрана од Република Северна Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес од 5,7 степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора

Следно

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop