Ѓоковиќ нема да игра во Мајами

March 14, 2024
1 min read

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“.

На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.

– Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.

Новак Ѓоковиќ е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра од 20 до 31 март.

Сега за популарниот Ноле следуваат подготвки за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој стартува на 7 април.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уставниот суд утре прославува 60 години од постоењето со Mеѓународна конференција со 130 домашни и странски гости

Следно

Македонија снемува наставници по математика

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop