Во Уставниот суд каде денеска се испитуваше законитоста на Упатството за матични книги, во кое беше дадена графата за националност, информираат дека е донесена времена мерка со која се става надвор од употреба Упатството, додека не се донесе конечна одлука за предметот. Од денеска  па до конечната одлука, од граѓаните не смеат да се бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

Уставните судии сметаат дека националната припадност е лично чувство, емпириски непроверлив податок и слобода на изразување утврдена со Уставот, а компаративната анализа покажала дека нема држава во која изразувањето националност е задолжително

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.