Уставен: Изводите нема да имаат графа за националноста

February 28, 2024
1 min read

Изводите за раѓање, венчаниците и умрениците што ги издава Управата за водење матични книги нема да содржат графа за националност. Според Уставниот суд, овој податок е во спротивност со темелната вредност за слободно изразување на националноста. Уставните судии денеска ги укинаа спорните одредбите од Законот за матична евиденција, усвоен во 1994-тата година.

„Станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и никој не може да биде принуден тоа чувство јавно да го манифестира и уште повеќе, да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавните исправи“, рече Христина Беловска, портпаролка на Уставен суд.

Дополнително, како што образложија од судот, Уставот ја гарантира тајноста и сигурноста на личните податоци и на секој граѓанин му се почитува заштита на приватноста. Согласно Уставот, граѓанинот има право и да не ја споделува својата националност, па и да ја промени. Инаку, Уставниот суд постапуваше по иницијатива од Левица.

„Со оглед дека денешната одлука е укинувачка, повеќе не постои правен основ во матичните книги на родени, венчани и на умрени да се бара податок за националноста“, рече Беловска.

На својот фејсбук профил, денешната одлука кусо ја искоментира министерот за правда Кренар Лога.

„5:3 надгласување од страна на судиите од мнозинството (54%) врз судиите од НЕмнозинството (46%)“, напиша Лога.

Левица поднесе иницијатива доУставниот суд, откако претходно министерот за правда Кренар Лога побара да се почитува Законот и да се впишува графата за националност. Тој изработи и Упатство по кое одреден период и се издаваа изводи со ваква графа, се додека уставните судии времено не го запреа спроведувањето на Упатството. Лога сметаше дека со вметнувањето на етничката графа ќе се спречат злоупотребите со балансерот за вработување во администрација.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре е 29 февруари, ова сигурно не сте го знаеле за овој посебен ден

Следно

Зеленски од Тирана: Русија ќе стори сè да го дестабилизира Балканот

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop