Успешни оптимисти: Што вели науката за луѓето родени во март?

February 29, 2024
1 min read

Се ближи крајот на тмурните зимски студени денови, а наскоро и официјално ќе почне пролетта.

Месец март е прекрасно време за да станете мајка. Среќа имаат луѓето кои се родени во март.

Тие се посебни, успешни и оптимисти.

Еве што вели науката за луѓето родени во март:

1. Голема е веројатноста дека ќе напредуваат во кариерата

Луѓето родени во овој месец најверојатно ќе седат на директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец.

Истражување докажа дека од 375 извршни директори 12,5% од нив биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште бидејќи мартовските деца се најчесто постари од останатите во одделение.

2. Помалку имаат проблеми со видот за разлика од нивните врсници родени во лето

Додека оние родени во јуни и во јули треба да проверат диоптрија, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Истражување спроведено на 300.000 војници откри дека родените во текот на летото имаат поголема веројатност да бидат кратковиди, додека децата родени на пролет ретко имаат проблеми со диоптрија.

3. Природно се оптимисти

Истражување откри дека луѓето родени во март, како и оние во април и во мај, имаат вроден оптимизам. Резултати од истражување покажаа дека токму тие имаат најпозитивен поглед на светот.

4. Помал ризик од астма

Во ова време од годината има многу полен и прашина и тоа е лошо за оние кои страдаат од алергија, но е одлично за бебињата родени во март. Според истражувањето, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сето тоа во раното детство го подобрува нивниот имун систем.

5. Веројатно се ноќни птици

Едно истражување за спиењето откри дека децата родени во пролет и лето генерално легнуваат подоцна од оние родени во есен и зима.

6. Во хороскоп ќе бидат Риби или Овен

Овие два знаци се познати по нивната решителност и страст, родените меѓу први и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние родените по 20 март се пролетни Овни. Инаку, Овните се познати како огнени и страсни луѓе.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Го смачкала дијамантскиот прстен: Славната пејачка ја раскина веридбата, еве каков шок доживеала

Следно

Без вода делови од општина Карпош

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop