Условни казни за „кошкачите“ во М-НАВ

June 14, 2024
1 min read

Основниот кривичен суд скопје денеска во врска со случајот од 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје, донел пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека на шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело, додека за еден условна осуда со заштитен надзор. 

За еден обвинет, кој преземал потешки дејствија за да го попречи службеното лице и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за одбрана оствари средба со колегите на самитот на НАТО во Брисел

Следно

ЛУДА ПРИКАЗНА: Ѕвездата на Англија кај гатач, на Фоден му „гледале“ на тарот пред ЕП

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop