Условна казна за Бесија Иљази, поранешната економска директорка на Токсикологија

March 12, 2025
1 min read

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, призна дека ја злуопотребила службената положба и овластување и доби условна казна.

Од Основното јавно обвинителство за Телевизија 24 ја потврдуваат условната казна за Иљази и велат  дека доколку таа ја прекрши, казната може да премине во затвроска.

ОЈО: Определена е условна казна со заштитен надзор по признавање на вина. Доколку обвинетата не се придржува до одредбите на судот казната може да премине во затворска. Дополнително, од Клиниката за токсикологија од неа ќе бараат и надоместок на штета кој ќе се утврди преку судска постапка.

Инаку Иљази е обвинета за злоупотреба на службена положба.  Таа во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, и издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. 

Менаџирањето на Иљази предизвика бурни реакции во јавноста. Иако таа одбиваше да се повлече сепак на крај Министерот за здравство Арбен Таравари ја разреши од фукцијата. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кире Лазаров против Словенија ќе насташи во следниот состав (ФОТО)

Следно

БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop