УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Почина 5-годишно девојче

November 7, 2024
1 min read

Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, потврди за МИА директорот на клиниката, Реџеп Мемеди.

-Лежеше на интензивна, беше тежок менинго-енцефалит, пред два дена почина, изјави директотот.

Според информациите што ги објавија медиумите, девојчето на Детската клиника било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила и го префрлиле на одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, и покрај сите напори на медицинскиот кадар, не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два починало.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информирале дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

Ова е трет смртен случај на Клиниката за детски болести во изминатиот месец. За 14 месечното девојче од Грчец сè уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица, ДСЗИ не констатираше пропусти во лекувањето.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат, мора да успееме!

Следно

Објавени „100-те бренд-градови“ во светот

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop