Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат, мора да успееме!

November 7, 2024
1 min read

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

-Денеска во Будимпешта во присуство на Европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, министерот за европски работи Орхан Муртезани и делегацијата којашто ја сочинуваат претставници на мојот кабинет, мојот советник за надворешни работи амбасадорот Сашо Марковски, шефот на кабинет Владимир Неловски и останатите. Навистина во текот на денот направивме многу билатерални средби, ги презентиравме нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина онаа којашто е важна, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и да ги презентираме нашите погледни и аргументи за нашиот евроинтегративен пат. Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина којашто ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за нашата Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму кадешто заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна а местото наше е во рамките на Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тензично на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законот за бранители никако да стигне до дневнит ред

Следно

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Почина 5-годишно девојче

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop