Уште една масовна гробница откриена во Дамаск

February 24, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Масовна гробница со тела на цивили убиени за време на владеењето на соборениот режим на Башар ал Асад е откриена во реонот Сибејн во Дамаск, главниот град на Сирија, известува Анадолу.

По соборувањето на режимот на Баат продолжува откривањето на масовни гробници во пребарувањата и теренските истражувања низ целата земја.

Тимовите на сириската цивилна одбрана пронајдоа масовна гробница во подрумот на зградата што ја користел соборениот режим на Баас за затворање цивили во реонот Сибејн во Дамаск.

Амар Салмо од Цивилната одбрана изјави дека по пријава на граѓанин екипите дошле во зградата и ги пронашле посмртните останки.

Се претпоставува дека поединците биле запалени откако биле убиени.

Салмо истакна дека тимовите идентификувале останки на 20 лица, но тој број може да се зголеми на 50.

Тој истакна дека телата се изгорени со помош на гуми, а на остатоците има траги од прострелни рани. Меѓу убиените има и деца.

Се претпоставува дека во Сирија има голем број масовни гробници што сѐ уште не се откриени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска-Лорковски: Енергетската иднина зависи од брзите реформи

Следно

Штипската болница повторно заборавена од властите

Latest from Blog

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот

Николоски: На денот на независноста, по 56 години охридскиот аеродром доби нов лик

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби нов и модерен лик, со што станува еден од симболите на охридскиот регион, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод Денот

ВЛЕН: 35 години независност – време е за посилни институции и европска иднина

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите
Go toTop