Божиновска-Лорковски: Енергетската иднина зависи од брзите реформи

February 24, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски. Средбата се одржа во пресрет на новите предизвици поврзани со усогласувањето на националното законодавство со европските енергетски стандарди, понатамошната интеграција на македонскиот енергетски пазар во регионалниот и европскиот пазар и следните чекори во реформите на енергетскиот сектор

Министерката Божиновска ја истакна посветеноста на земјата во усогласувањето на националните енергетски политики со европските стандарди.

-Јасни правила и предвидливост – тоа е клучно за стабилен и конкурентен енергетски сектор. Работиме на законски решенија што ќе обезбедат сигурност за инвеститорите, ќе го забрзаат процесот на енергетска транзиција и ќе гарантираат одржлив развој, истакна министерката Божиновска.

Министерката Божиновска нагласи дека реформите во енергетскиот сектор се еден од врвните приоритети на Министерството, Во тој контекст, информираше дека Предлог-законот за енергетика беше поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР), овозможувајќи јавна консултација за неговото финализирање. Директорот Лорковски изрази задоволство за транспарентноста на процесот

На средбата беше потенцирана важноста на забрзаната имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија, што ќе овозможи подобра предвидливост на пазарот, оптимизација на прекуграничните капацитети за пренос и стабилизирање на цените.

Директорот Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на реформските процеси во земјата, нагласувајќи дека усогласувањето на регулативите со ЕУ директивите е клучно за побрза интеграција на македонскиот енергетски пазар во пошироките регионални и европски текови.

Министерството за енергетика останува посветено на реформите што ќе донесат стабилност, развој и конкурентност во македонскиот енергетски сектор.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН донесе одлука за затворање на Институтот за биометриски истражувања од Скопје

Следно

Уште една масовна гробница откриена во Дамаск

Latest from Blog

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот

Николоски: На денот на независноста, по 56 години охридскиот аеродром доби нов лик

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби нов и модерен лик, со што станува еден од симболите на охридскиот регион, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод Денот
Go toTop