Уште две новинарки загинаа во израелските напади врз Газа: „Ова може да е моето последно јавување“

November 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска уби уште двајца палестински новинари во воздушните напади во текот на ноќта низ Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Според државната палестинска новинска агенција Вафа, во израелскиот воздушен напад врз куќа во градот Газа загинале неколку Палестинци, меѓу кои и новинарката Ала Тахер ал Хасанат.

Се истакнува дека уште една новинарка, Ајат Кадура, е убиена во израелскиот воздушен напад врз нејзиниот дом во градот Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа.

Според новинската агенција, Кадура била во живо на палестинската телевизија Ал Гад непосредно пред бомбардирањето на нејзиниот дом. Таа на телевизијата рекла: „Ова може да биде моето последно јавување.“

Таа, исто така, рекла дека израелската Армија истрелала бомби со бел фосфор врз Беит Лахија за да ги истисне Палестинците од градот.

Од 7 октомври досега во Газа се убиени повеќе од 60 палестински новинари.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Властите во Газа во понеделникот соопштија дека бројот на жртви од тековните израелски напади врз енклавата од 7 октомври се искачил на над 13.300, од кои 5.600 се деца, а 3.550 жени.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, е околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Создаваме професионална полиција

Следно

Просечната нето плата во септември 37 876 денари

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop