Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“

August 17, 2023
1 min read

Младата, но мошне талентирана македонска пијанистка Мимоза Ќека вчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи рецитал под акустичните сводови на црквата „Света Софија“.

Музичката критика вели дека „..нејзината изведба се одликува со јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“ што впрочем се потврди и вчеравечер на целовечерниот концерт. Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Ќека вели дека и репертоарот со кој настапи на „Охридско лето“ бил внимателно одбран, водејќи сметка тоа да бидат композиции кои не се често изведувани на фестивалската програма.

Се претставив со програма составена од круцијални композитори на пијанистичката техника и пијаното воопшто. Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист. Кога ја избирав гледав да не биде некоја многу застапена програма низ годините на „Охридско лето“, така што се обидов овој концепт да го осмислам како уникатен, вели пијанистката Ќека.

Реномираната македонска пијанистка, која на 26-годишна возраст се стекна со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Се трудам сите мои рецитали да бидат со различна програма, да донесам една поврзаност на сите композитори, од барокот на пример, од Бах, па дури и мајсторите пред Бах, сѐ до современите дела. На докторатот ја изведував Барбер Сонатата која што е наградена за современо дело во САД. Сите композитори ми се омилени, не можам да извојам ниту еден и сите сакам да ги свирам, додава младата македонска пијанистка.

Пијанистката Мимоза Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк.

Минатата година таа го издаде својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Finance Think: Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите

Следно

Моќната украинска 82-ра бригада влезе во контраофанзивата

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop