УМЕТНИКОТ АЛИ СИНАНИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

July 16, 2025
1 min read

Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова.

„По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Нацоналната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 јули 2025 година е избран и именуван д-р Али Синани, за директор на Институцијата“, соопшти НГМ.

Синани е роден во 1977 во Гостивар, а изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија. Дипломирал на Факултетот за визуелни уметности во Скопје во 2002 година, педагошки оддел, сликарска насока во класата на проф. Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршил на истиот факултет во 2009, во класата на д-р Антони Мазневски.

Од 2000 живее и работи во Швајцарија, каде што држи предавања во своето „Студио Арте“ во Сент Гален. Од 2012  продолжил со докторат во Нови Пазар – Србија. Во 2018 ја претставувал Швајцарија на  меѓународната изложба „Сон и реалност“ во Лувр во Париз.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола вечерва пулсира во ритамот на „Локум фест 2025“: Кокан Димушевски го отвора 19‑тото издание под мотото „Наследството како сцена“

Следно

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

Latest from Blog

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба
Go toTop