Украинските и западните шпиони почнуваат различно да гледаат

November 16, 2023
1 min read

Поддршката на украинските разузнавачи од западните служби, доминантно од американските и нешто помалку од британските, почнува уште во 2014, а се засилува од почетокот на војната. Пример, Британците ги развиваат капацитетите на военото разузнавање, додека Американците освен обука и директно ја финансираат изградбата на нови објекти на военото разузнавање бидејќи процениле дека старите се компромитирани. Згора на ова е неброената опрема која им ја испорачуваат на Украинците и редовната размена на разузнавачки информации што ги имаат службите.

Иако официјално оваа соработка продолжува во најдобар ред и хармонија, последниов период и посебно по еден неодамнешен текст во Вашингтон пост за кој се верува дека е напишан со „благослов“ од американските власти, покажува се поголеми тензии меѓу Киев и Западот.

Проблемите меѓу двете страни се сведуваат на три главни фактори. Прво, дел од Западот е загрижен за недостаток на реформи во СБУ (Украинската цивилна тајна служба) иако уште во јули минатата година Зеленски го смени првиот човек на агенцијата и најави чистка. Европски дипломати во Киев објаснуваат дека „стравуваат дека СБУ ја користи сегашната ситуација во земјата како шанса да се осигури дека никогаш нема да треба да мине целосен демократски ремонт.“

Друг проблем е што украинската стратегија за напаѓање на не-воени руски цели и поединци едно оди во корист на анти-украинската реторика на Путин, второ Москва верува дека тие напади се по нарачка на Западот, па стравот е дека Русите ќе почнат да преземаат слични напади на западна територија преку различни мрежи на свои соработници.

Трета работа е што во западните политички кругови постои чувство дека Киев никогаш не е целосно транспарентен околу своите планови, ниту пак е волен да одговори на загриженоста на сојузниците, и ова посебно се однесува на операции на СБУ и ХУР (военото разузнавање).

Од украинска перспектива овие поплаки се неосновани, и како што ќе објасни еден поранешен украински разузнавач „држави кои ги убиваат своите непријатели на другата страна на светот со помош на дронови не можат да се жалат за украинските методи… Ова е борба за преживување на Украина.“

Кај Украинците се повеќе тежина земаат и тврдењата дека Киев добил доволно поддршка за да се бори но не и да победи, кои почнуваат да се доживуваат како „нож во грб.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серија претреси во повеќе градови, пронајдена дрога, приведени дилери

Следно

Османи: Со Сијарто зборувавме за можна координација во дејствијата со цел отстранување на нелегално поставената такса за гас од Бугарија

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop