Украинската служба за безбедност ја презеде одговорноста за експлозијата на Кримскиот мост минатата година

July 26, 2023
2 mins read

„Имаше многу различни операции, специјални операции. За некои од нив ќе можеме јавно и гласно да зборуваме по победата, а за други воопшто нема да зборуваме. Тоа е една од нашите акции, имено уништувањето на мостот на Крим на 8 октомври, минатата година“, рекол денеска началникот на украинската служба за безбедност Васил Малјук, пренесува „Гардијан“

Службата за безбедност на Украина (СБУ) по првпат денеска ја презеде одговорноста за диверзантската акција во која лани во октомври тешко беше оштетен мостот Керч, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, пишува Ројтерс, а пренесува „Гардијан“.  

Руски истражни тимови по диверзантската акција на Кримискиот мост / Фото: Photo: EPA-EFE/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITEE HANDOUT

Преземањето на одговорноста дојде од шефот на украинската безбедносна служба Васил Малјук, кој изјавил дека неговата агенција стои зад нападот. 

Тој ова го соопштил говорејќи во коментари прикажи на телевизија додека ја презентирал комеморативна поштенска марка со која се одбележуваат операциите на специјалните сили за време на војната меѓу Украина и Русија.   

„Имаше многу различни операции, специјални операции. За некои од нив ќе можеме јавно и гласно да зборуваме по победата, а за други воопшто нема да зборуваме. Тоа е една од нашите акции, имено уништувањето на мостот на Крим на 8 октомври, минатата година“,

рекол Малјук, пренесува Гардијан.   

Експлозијата на Кримскиот мост се случи утрото на 8 октомври при детонација на камион натоварен со експлозив, што предизвика да се запалат и цистерни со гориво во возот што во тој момент поминувал таму. Во експлозијата загинаа три лица. 

Инаку, мостот беше погоден од нов напад овој месец, но Малјук денеска не споменал кој стои зад овој напад. 

Кримскиот мост, долг 19 километри преку теснецот Керч е единствената директна врска помеѓу транспортната мрежа на Русија и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше од Украина и го окупираше во 2014 година. 

Мостот беше водечки проект на рускиот претседател Владимир Путин, кој со голема помпа го отвори за сообраќај, возејќи камион преку мостот во 2018 година. 

Фотографија од оштетениот мост што пред речиси десет месеци ја објави украинската служба за безбедност

Тој служеше како клучна рута за снабдување на руските сили, откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, испраќајќи сили од Крим да заземат делови од јужните украински региони Керсон и Запорожје. 

Веднаш по експлозијата рускиот претседател Владимир Путин нареди построго обезбедување на Кримскиот мост, како и инфраструктурата за електрична енергија и гас до полуостровот, а Федералната служба за безбедност (ФСБ) почна истрага за нападот. 

Во неа беа приведени осум лица, од кои петмина Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија, а ФСБ излезе со тврдења дека експлозивите што предизвикале уривање на дел од мостот биле испратени од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија. 

За експлозијата на мостот Русија ги обвини украинските специјални служби. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Баерн настрада од М. Сити и на пријателска средба! (ВИДЕО)

Следно

Официјално: Иско има нов клуб

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И
Go toTop