Украинската и руската армија водат жестока битка на патот кој води кон Мариупол

June 17, 2023
1 min read

Откако започна долгонајавуваната украинска контраофанзива, на неколку клучни точки во земјата се водат интензивни битки. Украинската армија најпрвин нападна на истокот, но сега моментумот се движи кон југ, а најактивни области каде што се одвиваат тешки битки се Бердјанск и Мариупол. Според украински извори, армијата полека ги потиснува назад руските сили а во битките може да се вклучат и британските тенкови „Челинџер“.

„Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ“,

изјави заменик-министерката за одбрана Малиар.

Последниот извештај за контраофанзивата, како и извештајот за „очајниот отпор“ на руските трупи на исток, беше објавен откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека движењето во контраофанзивата е „најважното нешто“.

„Секој војник, секој нов чекор што го правиме, секој метар украинска земја ослободена од непријателот е од најголема важност“,

изјави Зеленски.

Светските агенции нагласуваат дека не може да се потврди ситуацијата на бојното поле. Русија официјално не го признава напредокот на Украина во раните фази на контраофанзивата и тврди дека им нанела големи загуби на силите на Киев во изминатите 24 часа

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија ги повика Србија и Косово на деескалација на тензиите

Следно

Нагелсман покажа дека не е сѐ во парите – ги одби милионите на Арапите!

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop