Украина: Жителите на Орихив секојдневна цел на руските напади, преживуваат од хуманитарна помош

March 4, 2023
1 min read

ЗАПОРОЖЈЕ (АА) – ДАВИТ КАЧКАЧИШВИЛИ –

Орихив, во украинската област Запорожје, веќе една година е под интензивни напади на руските сили, а мештаните кое се осмелија да останат во градот преживуваат од хуманитарната помош, пишува Анадолу.

Војната во Украина започна со рускиот напад на 24 февруари минатата година. Руските сили спроведуваат интензивни артилериски напади врз населените места на линијата фронтот, меѓу кои и Орихив, кој се наоѓа во регионот Запорожје.

Со дозвола на Украинската војска, репортерскиот тим на Анадолу го посети Орихив, кој од фронтот е оддалечен само осум километри, каде што се видливи трагите од голготата на војната што ја преживува тој дел на Украина.

Инфраструктурата во Орихив е уништена, а во градот нема струја, гас и вода, а преживувањето на мештаните додатно го отежнува суровата зима.

Градот е постојана цел на руските артилериски системи и животите на жителите на Орихив се под постојана закана. Затоа и улиците се главно празни. Луѓе можно е да се сретнат главно при делење на хуманитарната помош, а маркетите и сите продавници во градот се затворени веќе со месеци.

Луѓето претежно живеат во засолништа или во подрумите на куќите, а питка вода се доставува со противпожарни цистерни.

Орихив пред војната имал околу 15.000 жители, а денес таму живеат помалку од 2.000.

Локалниот жител Сергеј (50) за новинарот на Анадолу изјави дека руските сили секојдневно вршат напади врз Орихив и дека не ги избираат своите цели.

„Живееме во исклучително тешки услови. Така е веќе година дена, но не размислувам за заминување“, рече Сергеј, кој од безбедносни причини не сакаше да го открие презимето.

За тешкиот живот и борбата за преживување во Орихив сведочи и 73-годишната Валодија Чубенко.

„Секој ден сме цел на напади. Ситуацијата е многу тешка, иако во последните два, три дена интензитетот на нападите малку се смирува“, рече Чубенко.

Нагласувајќи дека хуманитарната помош е од витално значење за жителите на тој украински град, Чубенко рече дека веќе седум месеци живеат без струја и дека буквално преживуваат од хуманитарните пакети.

И 63-годишната Татјана Халченскаја рече дека по хуманитарната помош доаѓа ризикувајќи си го животот, но дека тоа е единствениот начин за да преживее.

„Се разбира дека е тешко да се живее под вакви напади, но ние сме силни и градот ќе опстане додека сме ние во него“, порача Халченскаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(Видео) Герасимовски излезе на терен со инспекцијата: Затворено градилиште позади Универзална сала

Следно

Бајден бил опериран од рак на кожа, канцерогеното тело е успешно отстрането

Latest from Blog

„Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“, изјави Венс, потпретседателот на САД

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу.

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова
Go toTop