Бајден бил опериран од рак на кожа, канцерогеното тело е успешно отстрането

March 4, 2023
1 min read

Бајден ќе биде под лекарски надзор и понатаму, но според О’Конор не е потребен дополнителен третман

На американскиот претседател Џо Бајден во февруари му била отстранета кожна лезија од градите, која била карцином на базалните клетки – вообичаена форма на рак на кожата, изјави лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор.

„Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането“,

вели О’Конор.

Бајден ќе биде под лекарски надзор и понатаму, но според лекарот не е потребен дополнителен третман.

О’Конор вели дека областа каде што била отстранета канцерогената лезија „добро зараснала“.

„Лезиите на карцином на базалните клетки немаат тенденција да се ‘шират’ или да метастазираат, како што е познато дека прават некои посериозни карциноми на кожата, како што се меланом или сквамозен карцином“,

додава О’Конор.

Во февруари, О’Конор објави дека претседателот Бајден останува физички здрав и енергичен и е „способен успешно да ги извршува должностите за претседател“.

Карциномот на базалните клетки на кожата е еден од најчестите видови на рак во САД и третманот може да биде многу ефикасен кога ракот е рано откриен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Жителите на Орихив секојдневна цел на руските напади, преживуваат од хуманитарна помош

Следно

Серија земјотреси со јачина над 4 степени регистрирани во Турција

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop