Украина не е подготвена за големата офанзива, ама нема друга карта

May 3, 2023
1 min read

Министерот за одбрана на Украина, Резников, порачува дека армијата само чека да се среди времето и наредба од командантите за тргне. Британски офицери кои работат со Украинците тврдат дека тие се подготвени за офанзивата и уверени во себе.

Наспроти нив се протечените американски разузнавачки проценки според кои не е веројатно дека Украина ќе постигне нешто повеќе од „умрени територијални придобивки“ против вкопаните руски сили.

Додека Столтенберг минатата недела објави дека 98% од ветеното западно оружје пристигнало во Украина, останува проблемот што Украинците го имаат со недостаток на воздушна одбрана заради што се значително изложени на ризик од руската авијација. Сомнежот кај Западот е и дали украинската војска ќе може доволно брзо да се адаптира на западните системи за да го искористи нивниот целосен капацитет.

Околу позицијата на Киев, американски одбранбен функционер коментира „Украинците нè изненадија и нас и Путин, меѓутоа сега имаат многу помалку простор за маневрирање… и Русите го знаат тоа.“ Притиснат е и самиот Зеленски кој за да го одржи нивото на поддршка од Западот, ќе мора да покаже дека инвестицијата во него се исплатела, плус да се справи со внатрешните притисоци за отфрлање на какви било преговори со Русија.

За Украина останува и проблемот со снабдувањето муниција за оружјето што го добива, ова главно се однесува на 155-милиметарските топовски гранати, кои до сега на фронтот се трошат во количини без преседан.

Од друга страна процените се дека руските сили веќе се ставени во одбранбен мод, заради што и нивните жртви се намалени за една третина. Ова посебно важи на јужните позиции од фронтот.

„Па, додека сили вон контролата на Зеленски го притискаат Киев да нападне, Москва колебливо е посветена на одбрана, потпирајќи се само на надежта дека ќе ја надживее украинската волја за отпор и западната подготвеност да плаќа за истиот. Ако се исклучат локализирани напади, ова е единствената стратегија што Путин сега може да ја примени…

…Иако и двете страни имаат значителна тактичка слобода, тие се стратешки ограничени. Украина мора да започне масовен напад; Русија мора да се обиде и да не им дозволи да постигнат победа за публика.

И двете имаат улога за играње, и сите го знаат сценариото – прашањето е колку добро ќе ги одиграат и ќе ги импровизираат своите улоги,“ пишува Марк Галеоти во анализата за британски Тајмс.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спој на македонското културно наследство и модерен накит на „Денови на филигранство и накит“

Следно

Со скок од 19 места, С Македонија е најдобро рангирана во регионот по слобода на медиумите, објави „Репортери без граници“

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop