Украдени рачно направени оловни плочи од штипската уметничка галерија „Безистен“

January 11, 2023
1 min read

Штипската уметничка галерија „Безистен“ повторно е мета на крадци. Од кровната конструкција украдена е една оловна плоча, а оштетени се шест плочи, кои крадци се обиделе да ги симнат од кровот.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов за МИА вели дека кражбата се случила утринава околу 1 часот, а полициски службеници забележале дека на објектот има скала. Крадците побегнале, а направена е штета од околу 30.000 денари.

Минатата година во јануари беа фатени четворица крадци од Штип и Струмица, кои во неколку наврати одзедоа околу 30 оловни плочи од кровната конструкција на галеријата „Безистен“. Штетата тогаш се проценуваше на околу 500.000 денари.

Оловните плочи се рачно и автентично направени. Објектот е заштитен од државата, како споменик на културата, а е изграден во средината на 16 век.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА СУПЕРМОДЕЛКАТА ТАТЈАНА ПАТИЦ

Следно

Повеќе од 1 200 лица се соочуваат со обвиненија поради учество во немирите во Бразил 

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop