ПОЧИНА СУПЕРМОДЕЛКАТА ТАТЈАНА ПАТИЦ

January 11, 2023
1 min read

На 56 години почина германската супермоделка Татјана Патиц, една од најславните манекенки на 1980-те и 1990-те, објави „Вог“. Сѐ уште не е позната причината за смртта.

Манекенката беше најпозната по соработката со „Вог“ како и по главната улога во спотот на песната „Слобода“ на Џорџ Мајкл од 1990, во кој беше заедно со првите супермоделки Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.

„Никогаш не си ја прододадов душата“, изјави манекенката која важеше за тивка личност, но со силен карактер, во интервју во 2020. Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.

Патиц е родена во Хамбург, со татко од Германија и мајка од Естонија, која детството го поминала во Шведска.

„ Татјана секогаш беше европскиот симбол на шик, како спој на  Роми Шнајдер и Моника Вити. Таа беше многу помалку видлива од нејзините врсници – помистериозна, повозрасна, понедостижна – и тоа имаше своја привлечност.“, изјави Ана Винтур, уредничката на „Вог“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВНИМАВАЈТЕ: Поради магла намалена видливост на овие патни правци

Следно

Украдени рачно направени оловни плочи од штипската уметничка галерија „Безистен“

Latest from Blog

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме
Go toTop